СПИК ИНСА
Трговско претпријатие за проектирање, инжињеринг, консалтинг и производство
Политика на Квалитет |  Политика за Животна Средина |  Мисија и Визија |  Контакт
Спик Инса д.о.о.е.л. - Скопје е застапена на пазарот повеќе од 20 години со главна дејност во проектирање, инженеринг, консалтинг и производство. Препознатлива сме во делот на водоводна инсталација (посебно кај водомерите). Ние сме повеќегодишен застапник на фирмите "TEKSAN", "MIV", "IKOM", "INSA", "ELEKTROMED", "TERMIKEL". Преку нашиот развиток на Smart Cloud системи за отчитување и контрола на водата, лабараторија за производство на електроника со интегриран хардвер и софтвер, како и изработка на конфигурациони системи за дигитална верификација на работна мобилна активност (патентирана технологија), ние можеме да Ви понудиме одлични иновативни производи и нај конкурентни цени за паметни водомери и напредни компјутерски системи. Соработуваме со голем број на Водоводи низ целата територија на Р.Македонија, каде имаме успешна соработка во имплементацијата на нов тип на паметни водомери со далечинско отчитување.

Спик Инса ги извршува сите активности од дизајнот до после продажба на услугите во согласност со TS-EN ISO 9001 системот за управување со квалитет. Со својата голема сервисна мрежа и стручен кадар Спик Инса работи да ги задоволи потребите на потрошувачите што е можно побрзо.

Во својата понуда со искусниот тим на Спик Инса ние нудиме широк спектар на водомери за станбени, индустриски и земјоделски употреби со напредната технологија. Во рамките на овие години, благодарение на својот тим, Спик Инса почна да ги испорачува сите видови на водомери кои се од спектарот на повеќе млазни, едно млазни, волуметрични, суви, мокри или полу суви, како и резервни делови и додатоци.

Спик Инса го потврди својот квалитет со директивите 2004/22/EC MID, OIML R49 и го спроведува производството и раководи со сите процеси во согласност со EN 14154 стандардите, ISO 4046 сертификатот, ISO 9001:2008 системот за контрола на квалитетот, OHSAS 18001 (здравје и безбедност) и EN17025 сертификат од акредитирана лабараторија. ПОкрај тоа сите Спик Инса водомери имаат EC одобрен сертификат и CE ообрение, сите потврдени од нашето државно биро за метрологија.

Како меѓународна активна компанија во мерната технолошка индустрија, Спик Инса ги реализира своите активности во јасни насоки. Спик Инса верува дека се залага за комерцијален успех и грижи за заштита на живодтаната средина, промовира иновација во фокус на клиентот. Надвор од односот побеѓу продавач и клиен Спик Инса се смета како партнер-решение за да ги задоволат потребите на своите клиенти со својот висок квалитет и прецизни системи за мерење.

Наша политика за квалитет

- Да го осигура подобрувањето и унапредувањето на квалитетот за продуктите и сервисот кој го нудиме со цел да ги достигне барањата и пчекувањата на нашите клиенти во сферата на доверливоста, лесно одржување, квалитет, ценовна ефикасност и доставување на време.
- Да обезбедиме континуиран праглед и подобрување на нашиот систем за контрола на квалитетот.
- Да ја пренесеме политиката за квалитет до сите вработени и да ја разберат истата преку последователен тренинг со цел да се подобри односот кон одговорноста.
- Да извршиме систематска процедура, односно утврдување, разбирање и менаџирање со системот од поврзани процеси за да постигнеме одредена цел.

Политика за животната средина

- Животната средина е наша одговорност, заштитата на истата од можните ефекти од произвоството, постојан развој на нашите перформанси во согласност со законодавството и искористување на ресурсите без оштетување на природниот баланс.
- Со намалување на отпадот ги минимизираме негативните ефекти кон средината, воедно го спречуваме загадувањето во својот извор.
- Константно унапредување на системот за менаџмент на животната средна, земајќи го предвит производството да се одвива на нај еколошки начин со примена на соодветни технологии.
- Го гарантираме здравјето и безбедноста како и за вработените така и за сите во животната средина.
- Со процеси за рециклирање да го намалиме отпадот кој се создава при производство.

Мисија и визија

Нашата мисија е константно да го оптимизираме бизнисот на нашите клиенти преку нашите решенија, сервиси и продукти. Го осигуруваме нашиот успех преку задоволување на потребите на нашите клиенти и вработени.

Нашата визија е да станеме компанија во која нај искусните, кретивни и интелегентни професионалци сакаат да работат. Патем, се стремиме да бидеме именувани како глобалниот лидер во мерната инустрија и нејзините иновативни услужни сектори.