СПИК ИНСА
Трговско претпријатие за проектирање, инжињеринг, консалтинг и производство
“Паметен” систем за контрола на водата и далечинско отчитување “AMR”, “AMI” – СПИК ИНСА


ПРЕЗЕМИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Ние нудиме едноставен, иновативен и “паметен” систем за читање и контрола на водата, кој е далеку понапреден во споредба со другите конкурентни системи со помалку софистицирана, мануелна RF технологија. Покрај тоа, нудиме скалабилност за поголеми проекти, флексибилност на хардвер и софрвер и можеме да ги намалиме троошоците за одржување на минимум.

Нашиот систем екстремно ја поедноставува мрежата и инсталацијата и во голема мера ги намалува трошоците за одржување со користење на најнапредни RF технологии во индустријата, во комбинација со нашите иновативни хардверски и софтверски решенија, на кој им е потребно само еден GPRS уред на 1000 “паметни” водомери, и неколку екстра Транспондери помеѓу, во зависност од теренот. Имаме многу ниски трошкови на одржување на мрежата. Уредите се соларни, водоотпорни, можат да бидат закачени на столбови, и малку или воопшто не е им е потребно дополнително напојување.

Ние нудиме целосно одржување на “паметните” водомери, нова батерија, механизам и промена на куќиштето после 10-15 години стандардна употреба. Вие ќе може да ја заштитите вашата инвестиција на долг период.

Нудиме опција за отвори/затвори вентил (вклучувајки многу фази измеѓу) , за контрола на вентилите кога е потребно за секој потрошувач поединечно.Како безплатна опција можеме да конфигурираме припејд/поспејд систем без картичка, како и што можеме да ги промениме принципите на работа на водомерот за да ги исполни сите специфични и уникатни потреби на клиентот

Како основен систем, го користиме нашиот супер инвовативен, комерцијален и 100% конфигуративен “cloud” систем, кој ни овозможува да ја автоматизираме било која обработка на податоците врз основа на потребите, автоматизиран пренос на податоци до: MDM и CIS, вашиот наплатен систем, може да испраќа повеќе мејлови и пораки дирекно до потрошувачите за протекување, месечна потрошувачка, и автоматски пораки до вашиот менаџмент за прекумерено наводнување, нелегални обиди и дргуги потреби, тој е 100% конфигуративен за да ги задоволи сите ваши потреби за работа, всушност може да се направи многу повеќе од тоа што е објаснето овде.



Иновации на системот
Се поврзува дирекно со сервер за автоматско дневно отчитување и контрола со опсег од 1 км во урбана средина и 5 км преку транспондери.

Инсталација на специјални GPRS уреди кои можат да отчитуваат и контролираат повеќе од 1000 водомери поединечно

Способност за читање преку мобилен уред, на лице место преку инкасатори и кола во движење во интервал од 4 секунди до 15 минути во опсег од 500 метри во урбана средина.

Специјална опција за автоматско читање и контрола на водомерите кои се лоцирани во длабоки шахти или подземја дирекно во централниот компјутерски систем или мануелно.

Можност за инсталирање далечински модули на водомерите од другите произведувачи (ITRON, IKOM, INSA, EVT, ELSTER и други)
Бенефиции
Системот овозбожува 90% вкупна заштеда на трошоците, 70% заштеда на канцелариски трошоци, 95% заштеда на патни трошоци, до 120% зголемени приходи

Едноставна и автоматска контрола на сите уреди преку централен кумпјутерски систем за време на операција (читање, сетирање, контрола, отворање/затворање на далечински модули, опција за припејд/постпејд контрола и други специфилни конфигурации базирани на барањата на клиентот)

Батеријата на далечинскиот модул работи 10-15 години, и е водоотпорна IP68 (може да се замени на редовен сервис)

Автоматско поврзување и далечински трансвер на податоци до локалниот наплатен систем кој моментално се употребува, поврзување со други компјутерски системи за модификација на постоечките податоци, додавање нови водомери и целосна поддршка за поврзување на други компјутерски системи за било кои сегашни или идни потреби




Клучни предности
Други RF системи

Читање на RF водомери рачно со инкасатори. Без можност за дирекна контрола на водомер и подесување на клучни параметри на водомерот. GPRS отчитувањето е достапно само преку скапа надградба на системот. Лесно за манипулација и ненавремени информирања за нелегални обиди што резултира со побавен одговор.

Без можност за редовно одржување на далечинските уреди. Без можност за промена на батерија. Потребни се чести посети и за проверка на функционалноста поради изолираниот принцип на работа. Без можност за отворање или затворање на вентил.

Клиентите и менаџментот на водоводот немаат можност за автоматско известување за дневна потрошувачка на вода, следење на месечните лимити за потрошувачка на вода, протекување или други функционалности.

Без можност за автоматско комуницирање со други компјутерски системи кои се во моментална употреба. Без можност за читање на водомерите од други произведувачи со SCADA систем.

Генерално без способност за надградба и без можност да ги задоволи потребите на клиентот.
Spik Insa систем (за иста цена)

Читање, контрола и следење преку GPRS кој е вклучен во нашата стандардна понуда. Централна најава за нелегални обиди, аларм за вадење на водомерот од мрежа, обратен проток, индикатор за батерија, протекување на вода и други технички состојби на водомерот. Не постои лесен начин за манипулација.

Целосна техничка поддршка и орджување на далечинскиот водомер и замена на батерија. Посета на лице место не е потребна поради константната комуникација преку модулот. Отворање/затворање на вентилот може да биде извршено преку компјутер, мобилен уред или интернет.

Способност за конфигурација за дневни известувања на потрошувачите, како и, целосна автоматизација на менаџментот на водоводите за дневна потрошувачка, месечни лимити, нелегални обиди, протекување, отвори/затвори вентил, припејд/постпејд контрола преку меил, СМС и интернет.

Автоматско поврзување со системот за наплата, поврзување на системите за промена, собирање и обработка на податоците, или поврзување со други компјутерски системи за различни комунални потреби. Способност за читање на модули од други произведувачи или SCADA

Со неограничени можности за надградба и со комплетна конфигурција за задоволување на сите потреби.